Обуки и Тимски Коучинг за развој на тимови во организации
✦Отворени програми ✦ Корпоративни програми
Издржливи и јаки тимови создаваме со работа на раст и развој на луќето во организациите преку тимска работа - обуки и тимски коучинг.
Обуките за тимови и организации ги креираме според развојната фаза на тимот. Пристапот започнува со почетно интервју за потребите, структурата, односите и организацискиот контекст и дијагностицирање на потреби на тимовите и компанијата.
Програмите можат да опфатат теми како ефективна комуникација и feedback, лидерство, тимска динамика, организациски вредности и култура, формирање и водење на тимовите, лидерство, менаџирање, емоционална интелегенција, системски бизнис консталации, мотивација и ангажираност, управување со конфликти, делегирање, индивидуална и тимска ефективност и секако со посебно изработена програма за вас.
Од обука кон реална промена
За нас, обуката не завршува во моментот кога ќе заврши тренинг денот.
Затоа, развојните програми можат да бидат структурирани како процес во кој секоја обука и модул е поддржан со тимска коучинг сесија.
На обуката тимот стекнува нови знаења, перспективи и практични алатки. Во периодот потоа тие се применуваат во реалната работна средина, а на Тимската коучинг сесија работиме со она што се случило во пракса, што функционирало, каде се појавил отпор, што останало нејасно и што е потребно да се промени.
Тимскиот коучинг е процес кој му помага на тимот да ја зголеми својата ефикасност, усогласеност и способност за заедничко постигнување резултати.
Работиме на подобрување на комуникацијата, јасноста на улогите и одговорностите, донесувањето одлуки, довербата, accountability и начинот на кој тимот соработува во секојдневната работа.
Фокусот не е само да се решат тековните предизвици, туку да се изгради тим кој работи поефикасно, презема поголема одговорност и создава одржливи резултати.
Целта е тимот да функционира како поврзан систем со поголема јасност, поголема ефикасност и поголемо влијание врз резултатите на организацијата.