Понекогаш она што го доживуваме како личен предизвик има подлабока поврзаност со семејниот систем на кој му припаѓаме. Одредени чувства, избори и повторувачки животни обрасци можат да бидат поврзани со несвесни лојалности и динамики кои не се секогаш видливи на прв поглед.
Индивидуалните системски фамилијарни констелации, базирани на пристапот развиен од Берт Хелингер, овозможуваат темата да се погледне од поширока системска перспектива и да се истражи што може да стои зад она што го доживуваме денес.
Во индивидуалната работа, преку фигури, маркери или други системски техники, се создава простор односите и позициите во системот да станат повидливи, а со тоа и динамиките кои можат да имаат влијание врз сегашното искуство.
Процесот се одвива со почит кон индивидуалното темпо, личната приказна и системот на кој му припаѓате, без однапред зададени толкувања или решенија.
Целта не е да се менува минатото, туку да се создаде поинаква перспектива кон него и повеќе простор за сопствениот живот и избори во сегашноста.
Кога нешто што било невидливо ќе стане видливо, може да се отвори простор за ново движење.
Зошто системски констелации?
Не секоја тема може целосно да се разбере само преку она што го знаеме, мислиме или можеме да го објасниме.
Системските констелации внесуваат уште една перспектива – поглед кон поширокиот систем на кој му припаѓаме.
Наместо темата да се разгледува само како индивидуално искуство, системскиот пристап истражува дали зад неа постојат односи, несвесни лојалности, припадност или динамики во семејниот систем кои можат да имаат влијание врз начинот на кој живееме, избираме и се поврзуваме денес.
Токму затоа системската констелација може да биде значајна кога нешто го разбираме рационално, работиме на себе, а сепак истиот образец продолжува да се повторува.
Трите пристапи коучингот, советувањето не се исклучуваат меѓусебно. Тие нудат различни перспективи кон човекот и неговата тема, а изборот на пристап зависи од потребата и целта на индивидуалната работа.
Понекогаш промената не бара уште еден одговор. Потребно е да погледнеме од друго место.
Системските семејни констелации, развиени од германскиот терапевт **Берт Хелингер**, нудат можност овие теми да ги погледнеме од една поширока перспектива – не само како индивидуални искуства, туку и во контекст на семејниот систем на кој му припаѓаме.
Повеќе ›››››