СИСТЕМСКИ СЕМЕЈНИ КОНСТЕЛАЦИИ
По методот на Берт Хелингер
Понекогаш во животот се соочуваме со ситуации кои се повторуваат, иако свесно се обидуваме да ги промениме.
Слични односи. Исти конфликти. Чувство дека нешто нè задржува. Тешкотии да го пронајдеме своето место, да донесеме одлука или да продолжиме понатаму.
Системските семејни констелации, развиени од германскиот терапевт **Берт Хелингер**, нудат можност овие теми да ги погледнеме од една поширока перспектива – не само како индивидуални искуства, туку и во контекст на семејниот систем на кој му припаѓаме.
Во семејството не наследуваме само физички карактеристики и семејни приказни. Низ генерациите можат да се пренесуваат и начини на поврзување, несвесни лојалности, неискажани чувства и повторувачки обрасци.
Констелациската работа ни овозможува да погледнеме токму во тие помалку видливи динамики.
Не за да го менуваме минатото, туку за подобро да разбереме **што од минатото сè уште има место во нашиот сегашен живот.**
ШТО МОЖЕ ДА СЕ ИСТРАЖУВА ПРЕКУ КОНСТЕЛАЦИЈА?
Темата со која доаѓате е секогаш лична.
Тоа може да биде партнерски или семеен однос, односот со родителите, тешкотии со децата, повторувачки животни ситуации, важна одлука или период во кој чувствувате дека не можете да продолжите понатаму на начинот на кој сте живееле досега.
Преку констелациска работа можат да се истражуваат:
* односите со мајката, таткото, партнерот и семејството;
* повторувачки конфликти и тешкотии во односите;
* чувството дека постојано се повторува ист животен образец;
* тешкотии со блискоста, припадноста, разделбата или поставувањето граници;
* несвесни семејни лојалности и генерациски заплеткувања;
* важни лични и професионални одлуки;
* периоди на промена, разделба, загуба или животна транзиција;
* чувството дека сме заглавени и покрај желбата нешто да промениме;
* професионални и работни предизвици;
* пронаоѓање на сопственото место и поврзување со личните ресурси.
Понекогаш темата со која доаѓаме е само видливиот дел од нешто подлабоко. Констелацијата создава простор да се види она што досега можеби не било видливо.
КАКО СЕ ОДВИВА КОНСТЕЛАЦИЈАТА?
Работата започнува со краток разговор со фасилитаторот и јасно поставување на темата.
Не е потребно да ја знаете целата семејна историја. Поважни се значајните факти, личности и настани кои можат да бидат релевантни за она што сакате да го истражите.
Потоа, преку претставници во групна работа или преку фигури и симболи во индивидуална работа, се поставуваат елементите на системот.
Нивната поставеност, меѓусебниот однос, телесните сензации, чувствата и движењата што се појавуваат можат да откријат динамики кои тешко се препознаваат само преку разговор и рационално анализирање.
Фасилитаторот го следи процесот и постепено ја води работата кон поголема јасност, препознавање и можност за поинаква позиција во однос на темата.
Индивидуалните системски фамилијарни констелации, базирани на пристапот развиен од Берт Хелингер, овозможуваат темата да се погледне од поширока системска перспектива и да се истражи што може да стои зад она што го доживуваме денес.
Понекогаш она што го доживуваме како личен предизвик има подлабока поврзаност со семејниот систем на кој му припаѓаме. Одредени чувства, избори и повторувачки животни обрасци можат да бидат поврзани со несвесни лојалности и динамики кои не се секогаш видливи на прв поглед.
Индивидуалните системски фамилијарни констелации, базирани на пристапот развиен од Берт Хелингер, овозможуваат темата да се погледне од поширока системска перспектива и да се истражи што може да стои зад она што го доживуваме денес.
Во индивидуалната работа, преку фигури, маркери или други системски техники, се создава простор односите и позициите во системот да станат повидливи, а со тоа и динамиките кои можат да имаат влијание врз сегашното искуство.
Процесот се одвива со почит кон индивидуалното темпо, личната приказна и системот на кој му припаѓате, без однапред зададени толкувања или решенија.
Целта не е да се менува минатото, туку да се создаде поинаква перспектива кон него и повеќе простор за сопствениот живот и избори во сегашноста.
Кога нешто што било невидливо ќе стане видливо, може да се отвори простор за ново движење.
Зошто системски констелации?
Не секоја тема може целосно да се разбере само преку она што го знаеме, мислиме или можеме да го објасниме.
Системските констелации внесуваат уште една перспектива – поглед кон поширокиот систем на кој му припаѓаме.
Наместо темата да се разгледува само како индивидуално искуство, системскиот пристап истражува дали зад неа постојат односи, несвесни лојалности, припадност или динамики во семејниот систем кои можат да имаат влијание врз начинот на кој живееме, избираме и се поврзуваме денес.
Токму затоа системската констелација може да биде значајна кога нешто го разбираме рационално, работиме на себе, а сепак истиот образец продолжува да се повторува.
Трите пристапи коучингот, советувањето не се исклучуваат меѓусебно. Тие нудат различни перспективи кон човекот и неговата тема, а изборот на пристап зависи од потребата и целта на индивидуалната работа.
Понекогаш промената не бара уште еден одговор. Потребно е да погледнеме од друго место.
Системските семејни констелации, развиени од германскиот терапевт **Берт Хелингер**, нудат можност овие теми да ги погледнеме од една поширока перспектива – не само како индивидуални искуства, туку и во контекст на семејниот систем на кој му припаѓаме.