Понекогаш се наоѓаме во период кога ни е потребен простор во кој можеме да застанеме, да погледнеме подлабоко во она што ни се случува и подобро да се разбереме себеси.
Индивидуалното советување создава доверлив и поддржувачки простор за разговор, рефлексија и лично истражување. Во процесот работиме на препознавање на начинот на кој размислуваме, чувствуваме, реагираме и ги градиме односите со себе и со другите.
Во својата работа користам концепти и пристапи од Трансакциската анализа (ТА), кои овозможуваат подобро да ги разбереме сопствените обрасци и начинот на кој минатите искуства можат да влијаат врз нашите избори и однесување денес.
Процесот е индивидуален и се развива во согласност со вашите потреби, темпо и цел, со почит кон вашето лично искуство.
Целта не е некој да ви каже што треба да направите, туку преку поголема свесност и разбирање да создадете простор за нови избори и промена.
Кога подобро се разбираме себеси, можеме посвесно да избереме како сакаме да продолжиме.